Барса неколку седмици без Циндриќ

Средниот бек на Барселона и хрватската репрезентација, Лука Циндриќ, поради повреда немаше поголем придонес во завршните натпревари на Европското првенство што заврши минатиот викенд.

Исто како и лани на СП, така и годинава на ЕП, Лино Червар не виде голема корист од некогашниот играч на Вардар. Циндриќ има повреда на мускулот на левата нога и по враќањето во Барселона беше констатирано дека мора да паузира.

Тој сигурно ќе го пропушти стартот на пролетниот дел во Лигата на шампионите и средбите на Барселона против Елверум дома и Загреб на гости, а би требало да се врати на терените за натпреварот против Целје во Словенија на 23 февруари.