Барса без проблеми до цел плен кај Мотор

Ракометарите на Барселона, иако беа без тренерот Хавиер Пасквал, триумфираа лесно на гостувањето кај Мотор Запорожје со 25-30 во првото коло од Лигата на шампионите.

Во првиот дел украинскиот шампион одржуваше резултатска рамнотежа, но беше јасно дека нема сили за сензација. На пауза се замина со водство за каталонскиот гигант со два гола разлика, 11-13.

Во второто полувреме Барселона се одлепи на плус седум и рутински ја задржа предноста до самиот крај за конечна победа од пет голови, 25-30.

Најдобри стрелци во шпанскиот тим беа Гомес со десет голови, Циндриќ даде пет погодоци, додека Мем беше стрелец на четири. Во домашниот тим се истакна Малашинскас со седум голови.