Банцалиски со ново одлично издание во Холандија

Екс ракометарот на Партизан Гевгелија и Младост Богданци, Ѓорѓе Банцалиски продолжува со одличните настапи низ Холандија.

Банцалиски со неговиот прв интернационален клуб Динамико во натпревар од 5. коло од холандската лига беа поразени од Бердос со 36:28.

Младиот ракометар од Македонија, кој има 20 години и кој настапува на позицијата среден бек, беше најефикасен во екипата на Динамико.

Банцалиски натпреварот го заврши со шест погодоци, подели неколку асистенции кон своите соиграчи, а освен во нападот, одлично одигра и во одбраната, со што покажа дека во понатамошниот тек од сезоната ќе биде еден од главните алки во составот на Дамир Јосиповиќ.

Во следното, 6. коло, тимот на Динамико на свој терен ќе го пречека Хелас.