Бабиќ: Спортот признава само победници, во Франција покажавме неверојатен карактер

Следен предизвик на Еурофарм  Пелистер во Европската лига е швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен.

Во натпреварот против Кадетен Еурофарм влегува после поразот од француски Ним на гостински терен каде што битолскиот состав имаше огромни проблеми со ростерот.

„Како и обично го анализираме противникот, ги гледаме нивните нивните специјалности кои им се клучни играчи, специфичните движења…И секако преку видео анализа и составот кој ние го имаме на располагање ќе се обидеме да го пронајдеме најдоброто како би требало да изгледа нашиот перформанс, односно како би изгледала една најдобра тактичка подготовка за Кадетен“.

Позицијата на табелата за Е.Пелистер е нешто полесна од минатата година, меѓутоа без разлика Бабиќ посакува победа.

„Во однос на минатата година имаме малку полесна позиција во прашање на позицијата на табелата, но во спортот нема лесни позиции, имате една цел, а тоа е победа. Без разлика дали сте први или петти спортот признава само победи. Јас и моите играчи така размислуваме. Во спортот постои само една категорија на луѓе, а тоа се победници“.

Бабиќ е задоволен од карактерот кој го прикажале ракометарите на Е.Пелистер во тој натпревар против Ним.

„Играчите кои играат во Еуфофарм имаа карактер, дисциплина и одговорност, сакаат да победат во секоја ситуација. Во големите проблеми кои ги имавме во Франција покажаа еден неверојатен ментален интезитет. Го изгубивме тој натпревар, како тренер не сум задоволен и среќен, но знам дека дадовме се што имаме и покажавме карактер, а тоа сигурно е нешто што оваа година го краси Еурофарм“.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен се игра в среда од 18:45 часот.