Бабиќ: Нексе во една работа е помеѓу најдобрите екипи во Европа

Eурофарм Пелистер утре го очекува реванш натпреварот во Битола против Нексе во кој ќе се обидат да ја надополнат негативата од три разлика од првиот натпревар во Нашице.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ истакна дека тимот има нормална подготовка како и за секој друг натпревар.

„Се спремаме нормално во саботата имавме мали проблеми, не го прескокнавме плеј-офот, се спремавме и за тој натпревар, одигравме добро, агресивно, пред се во одбраната и успеавме во тоа што го сакавме. Вчера гледавме видео анализа од Нексе, денес ќе имаме тренинг со послаб интезитет, повеќе ќе биде биде од информативен карактер, а утре уште еден тренинг пред натпреварот. Сето тоа е нормална припрема како и секогаш“.

За Нексе смета дека во една работа се помеѓу најдобрите во Европа.

„Тимот на Нексе во една работа според мене е една од најдобрите екипи во Европа, но сега тоа не е момент да го откривам. Сигурно дека се многу добра екипа и ние се надеваме ќе бидеме спремни“.

Капитенот Периќ се уште не е 100% спремен.

„Периќ се уште не е спремен 100%, тој е наш важен играч, капитен е. Но, целата екипа покажа дека може да победува и без него. Секако дека сакам да биде во тимот, меѓутоа тимот е посилен од еден поединец“, изјави Бабиќ.

Натпреварот се игра во терминот од 18:45 часот, а салата „Боро Чурлевски“ е распродадена уште пред неколку дена.