Бабиќ: Загреб заслужено победи, одбраните на Ашанин беа клучни

Екипата на Еурофарм Пелистер имаше две различни полувремиња на гостувањето во Загреб, но се враќа од овој дуел со пораз од 23:26.

Тренерот Жељко Бабиќ смета одбраните на Ашанин во вториот дел беа клучни за победата на „плинарите“.

„Загреб заслужено победи. Кога беше најпотребно Ашанин беше одличен на голот и мислам дека неговите одбрани беа клучни за конечниот резултат. По тој период ние паднавме во интензитетот и домаќинот ги казни сите наши грешки. Мораме да бидеме компактни во текот на сите 60 минути, особено во одбраната, бидејќи ако не сме подготвени во одбраната тогаш тешко е да се победи. Не победивме, но продолжуваме понатаму“, изјави Бабиќ.

Следен предизвик за битолчани ќе бидат двете средби со унгарската Татабања во Лигата на Европа.