Атанасовски без грешка против освојувачот на трофејот во ЛЕ

Тимот на Ал Мудар, каде што тренер е Зоран Кастратовиќ, а игра Стефан Атанасовски, го загуби вториот натпревар на Супер Глоуб.

Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика, славеше против Ал Мудар со убедливи 39-27, а македонскиот кружен напаѓач беше меѓу најдобрите во поразената екипа.

Атанасовски постигна четири гола од четири обиди, имаше една украдена топка и една техничка грешка. Ал Мудар по двата порази ќ разигрува за пласман од 9 до 12 место на Супер Глоуб.

Полскиот Келце стартуваше со убедлив триумф против Ал Кувајт со 47-26, додека Есперанса Тунис славеше против Министрос со 46-21. Во последниот натпревар од вториот ден Ал Калеј го победи Сиднеј со 35-21