Андреев: Се надевам ќе ја одиграм следната сезона во Вардар!

На денешната прес-конференција претседателот на Вардар, Михајло Михајловски го откри тимот што ќе настапува следната сезона во домашниот шампионат и во регионалната СЕХА лига.

Дел од засилувањата кои требаше да пристигнат во редовите на Вардар, сепак во следната сезона ќе имаат нови предизвици поради ситуацијата во која се најде двократниот европски шампион, откако ЕХФ одлучи да го исклучи најтрофејниот македонски клуб од Лигата на шампионите.

Рускиот репрезентативец, кружниот напаѓач Павел Андреев во разговор за рускиот портал „Брз Центар“ истакна дека сака да го облече „црвено-црниот“ дрес и да заигра за Вардар, но сѐ уште ситуацијата околу неговото доаѓање во Скопје е неизвесна. Андреев со екипата на Вардар потпиша двегодишен договор.

„Јас постојано сум во контакт со мојот менаџер. Вестите за Вардар главно ги следам од интернет. Моите услуги досега не се одбиени. Но, поентата е тоа што клубот купуваше играчи за Лигата на шампионите, но сега нема да настапува во Европа. Се надевам дека ќе ја одиграм сезоната во Македонија. И ако следната сезона (2023/24) клубот повторно игра во Лигата на шампионите, тогаш јас сум подготвен да чекам. Секако нема да се согласам на намалување на половина на договорената плата. Во тој случај ќе барам раскин на договорот“, изјави Андреев за „Брз Центар“.

Вардар не смета на Дуарте, Цехте, Андреев…можеби ќе замине и Чувара