Андреас Вулф: Завршете ја сезоната во Бундес лигата

Првиот голман на репрезентацијата на Германија, Андреас Вулф се огласи со свој коментар и совети до првите луѓе на Бундес лигата. Тој ги посоветува да го следат примерот на Полска односно да ја завршат сезоната порано и да не ги доигруваат натпреварите  кои останаа.

„Оваа состојба е катастрофа. Затоа сега е многу важно да се придржуваме кон правилата. Дури и да продолжат натпреварите во Бундес лигата, екипите ќе бидат целосно надвор од ритам. Во последно време никој не тренира, ниту, пак, игра. Ова не е во духот на спортот и на конкуренцијата и искрено тоа публиката не сака да го гледа“, вели Вулф.

Тој смета дека не треба да има натпревари до крајот на сезоната бидејќи и понатаму ќе постои можност од ширење на вирусот.

„Ако екипите излезат неподготвени за финалните натпревари ова ќе го уништи спортот. Поради ризикот од ширење на вирусот, можни се само натпревари со духови  во празни сали. Затоа мислам дека треба да се следи примерот на Полска и да се заврши сезоната“, коментира голманот на Келце, Андреас Вулф.

Како што е познато, Полска беше една од првите земји кои го прогласија за завршен шампионатот и беше донесена одлука за тоа кој тим ќе ја освои титулата, а Келце немаше конкуренција.