Андоновски: Со ваква игра и залагање може да изненадиме некој од големите фаворити

Охрид славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 26-21 и се врати во игра за место во европските купови.

Горан Андоновски се врати на клупата и вели дека ако вака играат неговите момци до крајот на првенството, тогаш може да биде изненаден некој од големите фаворити.

„Во последните две кола победивме две екипи што ја претставија Македонија во Европа. Тоа доволно зборува за нашите игри бидејќи победивме убедливо. Сега во моментов уште повеќе ме боли поразот од Пролет, кога на триесетина секунди до крајот имавме напад за победа, а во последната секунда го загубивме мечот. Тие три бода мора некаде да ги надоместиме и се надевам дека со ваква игра и со вакво залагање ќе успееме да изненадиме некој од големите фаворити до крајот на првенството“, вели Андоновски.

Охрид сега е петти со девет бода, само еден помалку од четвртопласираниот Тиквеш кој го пречекуваат во 10 коло.

Андоновски со победа се врати на клупата – Охрид пак во игра за Европа