Ангеловски: Обрван е мртов за мене!

Последниот настап на Бранче Ангеловски за националниот тим на Македонија е на ЕП 2014 во Данска, кога имаше многу перипетија и шпекулации поврзани со него, а сега тој ја кажа својата страна од приказната.

„Ивица Обрван е единствената личност на светот со која јас не разговарам и нема да разговарам во мојот живот. Сметам дека не заслужува ни да биде спомнат во ова интервју. Тој е за мене мртов, а за мртвите луѓе се најдобро… На ЕП во Данска имав 37 години и веќе планирав да се повлечам од репрезентација, но одиграв затоа што немаше кој. Мојсо ги скина предните вкрстени лигаменти, Прибак немаше право да игра на првите три натпревари, Филип Лазаров заработи скршеница на дланката на подготовки, Дејан Пецаковски имаше проблеми со колено, го имаа единствено Ацо Јоновски како бек-дефанзивец и тогаш ми се јавија на мене, како шестти играч. Секако дојдов за да и помогнам на репрезентацијата. Обрван беше премногу суетен, неговото мислење беше единствено, немаше простор за комуникација, дури си дозволи и со пцовки да ми се обраќа и сакав и да го напуштам тимот на сред првенство, но останав поради соиграчите. Им се извинив на соиграчите и на РФМ за таквото мое однесување, а Обрван од тогаш е неважен за мене.“

Комплетното интервју може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ БРАНИСЛАВ АНГЕЛОВСКИ: Не прифаќам споредна улога, треба да бидам важна ’алка’ за да му се вратам на ракометот!