Американец што играше во германската регионална лига, од септември ќе игра во Лигата на шампионите!

Американсиот голман Нико Робинсон, кој брани за екипата Доцхајм од Висбаден од регионалните лиги на Германија, од наредната сезона ќе игра за норвешкиот шампион Елверум.

Робинсон, чиј татко е по потекло од САД, веќе е во конкуренција за амеркинаската репрезентација. Во САД популарноста на ракоемтот е мала, но во последниот период федерациајта на земјата бара ракометни таленти ширум светот кои би можеле да играат за нивната репрезентација.

„Мојот договор е на две години, првата година би требало да се навикнам на новата средина, да го научам јазикот и да се прилагодам на барањата. Во март бев два дена во Елверум. Тоа беше добро искуство за мене, се надевам дека еден ден ќе заграм во Лигата на шампионите и на Олимписките игри“, рече Робиносон.

Олимписките игри во 2028 година ќе се одржат во Лон Анџелес, а за тој настан ракометната федерација на САД се подготвува уште сега со намера да обезбеди конкурентен тим.