Амбициозниот португалски првак во акција: Порто на шопинг во Бундес лигата

Португалскиот Порто, кој сезонава успеа да обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, веќе го крои ростерот за следната сезона.

Откако стана јасно дека заминува голманот Томас Бауер, кој би можел да го замени Никола Митревски, уште еден играч ќе го напушти португалскиот состав.

Станува збор за пивотменот Алексис Боргес, кој ќе оди во францускиот Монпелје, а стратегот Магнус Андерсон планира да донесе играч со кој соработуваше во Бундес лигата.

Тоа е кружниот напаѓач на Штутгарт, Мануел Шпат, кој соработуваше заедно со Андерсон во Гепинген пред две сезони. Интерес од Порто постои, но договор се уште не е потпишан.

Покрај Порто, Шпат кој сезонава играше заедно со нашиот Жарко Пешевски во Штутгарт, има понуди и од швајцарскиот првак Кадетен и уште неколку скандинавски клубови.