Ал Кувајт го освои Азиското првенсво – Њокаси и Диало завршија на второ, Хосни на трето место

Екипата на Ал Кувајт го освои Азиското клупско првенство, откако во финалето го совлада тимот на Ал Наџма од Бахреин, со резултат 28:23 (15:11).

На 24 издание на Азиското клупско првенство, кое се одржуваше во Индија, настапија неколку ракометари кои настапувале или ќе настапуваат во македонскиот шампионат од следната сезона.

Во второпласираниот тим, Ал Наџма, настапија трите поранешни членови на Вардар – близнаците Оливие и Кевин Њокас и Бакари Диало, кои претходно го освоија трофејот на Заливскиот Куп, а во „црвено-црниот“ дрес се радуваа на дуплата круна во Македонија.

Новиот член во Еурофарм Пелистер за следната сезона, Усама Хосни со екипата на Ал Кадисија го освоија бронзениот медал. Ал Кадисија во борбата за третото место го совлада Ал Араби со 28:27 (16:16).