Алушовски со Тор Акурејри чекор поблиску до елитата на Исланд

Тимот на Тор Акурејри забележа убедлива победа во натпревар од 17 коло во Втората лига на Исланд на гостувањето кај Кодренгир.

Тор Акурејри, кој од клупата е предводен од македонскиот стратег Стевче Алушовски славеше со 11 голови разлика, 21-32.

Десниот бек Томислав Јагуриновски поради ситна повреда не беше во ростерот за овој натпревар, но се очекува да биде подготвен за следните предизвици.

Тор Акурејри сега има 23 бода на четвртата позиција на табелата, додека лидерот Хордур има 28 на првото место, но има и два меча повеќе од тимот на Алушовски, па сигурно е дека Тор е само на чекор до разигрување за место во најсилната лига.

Следен предизвик за македонското дуо во Тор ќе биде домашниот меч со Селфос.