Алушовски потврди: Санталов ќе дојде во Вардар!

Како што 24Ракомет објави уште пред две години, рускиот репрезентативен лев бек Дмитри Санталов има потпишано договор со Вардар што важи од следната сезона.

Иако од Русија стигнуваа најави дека од неговиот сегашен клуб Чеховски Медведи сакаат да го задржат и го советуваат да не оди во Скопје, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски сепак потврди дека левиот бек доаѓа.

„Јас сакам да остане костурот на тимот и играчи како Дибиров, Калараш, Чупиќ, Стоилов, Дисингер. Веќе имаме договор со Санталов од Чеховски Медведи и тој доаѓа на позицијата лев бек“, изјави Алушовски за „Balkan Handball“.

Корпулентниот лев бек, кој е висок 196 сантиметри и тежок 87 килограми, располага со одличен шут од далечина и одлично ќе му дојде во составот на Алушовски.