Алушовски: Вардар веќе го создава тимот за следната сезона

Тимот на Вардар го официјализираше трансферот на Хрватот Анте Кудуз, левиот бек кој доаѓа од Динамо Букурешт, а за од следната сезона го договори и десното крило Дарко Ѓукиќ.

Сега на полусезона пристигна и капитенот на Црна Гора, левиот бек Васко Шеваљевиќ кој ќе остане година и пол во Скопје. Стратегот Стевче Алушовски вели дека се создава тимот за следната сезона.

„Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона и сакаме да имаме повеќе расположливи квалитетни играчи на сите позиции. Очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентни на меѓународна сцена“, вели Алушовски.

Вардар сезонава игра во група А во ЛШ заедно со Мешков Брест, Фленсбург, Порто, Келце, Порто, ПИК Сегед и ПСЖ. Во регионалната СЕХА лига, „црвено-црните“ се во група со Војводина, Нексе и Мотор Запорожје.