„Ако одам Битола“ испеана од 4.000 грла во „Боро Чурлески“ (Видео)

Полна сала во Битола, мотивирани навивачи кои во еден глас ја испеаја „Ако одам Битола“ како поттик за играчите на Еурофарм Пелистер пред почетокот на четврт-финалето од СЕХА лигата против Мешков.

Битолчани се надеваат на триумф во единствениот меч од регионалната лига што решава која екипа ќе оди на Ф4 во Задар.

Исполнета до последно место салата во Битола наликуваше на ракометен вулкан кој треба да ја исфрли на површина  силата со која тимот ќе го оствари резултатот што сите го чекаат.

Македонскиот вицепрвак ја чека својата шанса првпат во клупската историја да биде меѓу четирите најдобри екипи од СЕХА лигата. По освојувањето на турнирот во Струга, сите се надеваат дека ова е годината во која „зелените“ ќе доминираат и ќе освојат повеќе трофеи.

Погледнете гкако грмеше салата во Битола.