„Ако не се игра првенството, која е поентата да се игра Купот?“

Раководството на Германската ракометна федерација донесе одлука Бундес лигата во женска конкуренција да заврши порано од предвиденото, а еден од тренерите предложи да не се одигра ниту завршниот турнир во Купот кој засега е само одложен.

Тренерот на Јована Саздовска во Турингер, Херберт Милер, предложи завршниот турнир во Купот воопшто да не се одигра и сезоната во женскиот ракомет во Германија да биде завршена.

„Нема никаква смисла да се одигра завршниот турнир во купот. Ако немаме шампион или екипи кои испаѓаат годинава, тогаш не ни е потребен ниту победник во Купот“, коментираше Милер.

Купот на Германија во женска конкуренција беше закажан за 23 и 24 мај во Штутгарт, но засега е одложен со голема веројатност дека нема да биде одигран воопшто. Освен Турингер место на завршниот турнир имаат обезбедено и Мецинген, Гепинген и Борусија Дортмунд.