„Ако не добиеме помош – сите ќе банкротираме“

Европскиот првак од 2018 година, францускиот Монпелје е тешко погоден од пандемијата со коронавирусот. Претседателот на клубот соопшти дека ќе се соочат со голема финансиска криза доколку натпреварите од септември се играат без публика.

Како и најголемиот дел од европските земји, Франција го прекина првенството што значи дека ќе нема натпревари до септември кога би требало да започне новата сезона. Претседателот на Монпелје е многу загрижен за иднината на ракометот во Франција.

„Нервозен сум, доколку не можеме да продолжиме со играње во нормални услови или државата не ја зголеми финансиската помош тогаш сите клубови ќе банкротираат. Ако наредната сезона започнат натпреварите без публика, ќе добиеме пари за ТВ правата, но тоа воопшто не е доволно“, рече претседателот на Монпелје.

Тој доби поддршка и од колегата од екипата на Нант кој истакна дека натпревари без навивачи немаат смисла.

„Нема смисла да играме без публика, тоа е исто како актерите да настапуваат во празна соба“, истакна Пелетиер.

Продажбата на ТВ правата на клубовите им носи 3-4% проценти од буџетот, а минатогодишната продажба на билети им донела на клубовите 8,5 милиони евра што значи дека евентално играње без публика би било огормен удар за сите.