„Ако не бев спортист, сигурно сега ќе бев мртов“

Левото крило на Фуксе Берлин и црногорската репрезентација, Милош Вујовиќ нема да биде подготвен за стартот на новата сезона во Бундес лигата.

Вујовиќ доживеал несреќа пред една седмица додека возел велосипед, но избегната е поголема трагедија, па поминал со полесни повреди.

Тој скршил само едно ребро и имал нагмечување на некои од органите на десната страна од телото.

„Ако не бев спортист, сигурно сега ќе бев мртов“, кратко изјави Вујовиќ за германскиот „Билд“.

По шест години минати во унгарската Татабања, Црногорецот се пресели во Фуксе Берлин, каде што играат двајца екс вардарци – Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.