Ако го мине Нексе, Еурофарм Пелистер ќе игра против Бидасоа или ГОГ за Ф4!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер обезбедија место во елиминациите од Лигата на Европа по убедливиот триумф над АЕК со 30-19.

Ривал на битолскиот тим ќе биде хрватскиот Нексе Нашице, кој заврши на третата позиција во групата Ц.

Доколку битолчани го елиминираат незгодниот ривал, тогаш во четвртфиналниот двобој ќе ги чека победникот од дуелот меѓу Бидасоа од Шпанија и ГОГ Гудме од Данска.

Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 29 март во Нашице и на 5 април во Битола, каде што ќе биде познат патникот за четвртфиналето.

Лига на Европа, осминафинале, двојки:

Кадетен Шафхаузен – Савехоф
Лемго – Висла Плоцк
Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер
Бидасоа Ирун – ГОГ Гудме
Нант – Фуксе Берлин
Спортинг Лисабон – Магдебург
Тулуз – Бенфика Лисабон
Горење Велење – Ним