„Ако вака се подготвивме за Вардар, тогаш…“

Вардар по деветти пат ќе игра на завршницата во регионалната СЕХА лига, а во полуфиналето за ривал ќе го има Загреб.

Хрватскиот првак одигра катастрофално на последната контрола со ПИК Сегед, а тренерот Игор Вори не е задоволен од играта во одбрана.

„Ако вака се подготвивме за Ф4 турнирот во Задар, тогаш можам да кажам дека тоа сме го направиле никако. Го загубивме мечот уште во првото полувреме кога противникот експресно се одлепи. Имавме дури 13-14 промашувања во првиот дел, плус загубените топки, одбраната која играше на неочекувано салбо ниво. Ова беше предупредување, како за мене, така и за играчите. Секој од нас мора да дава повеќе, противникот не смее да има поголем мотив. Загреб е ракометна институција, но треба да се учиме од грешките, а ако веќе се случи ова, подобро што се случи на пријателски натпревар, отколку на официјален“, изјави Вори за „Спортске Новости“.

Вардар и Загреб ќе играат во централниот термин на Ф4 во регионалната СЕХА лига во Задар од 20:30 часот.