Аеродром ја продолжи победничката низа, убедлив триумф на Риниа

Ракометарите на Аеродром ја продолжија победничката низа во Првата лига и покрај тоа што од претходно се пласираа во плеј-офот.

Избраниците на Дарко Петровски славеа убедлива победа над составот на Риниа со 45-23 откако и на полувреме водеа со 24-14.

Шанса за настап добија сите ракометари од победничкиот тим, а најмногу се истакна Андреј Петрески со десет погодоци.

За Аеродром девет гола даде Димитар Михајлов, додека во составот на Риниа, Ахмедјасин Исмаили беше стрелец на седум гола.

Иако има уште едно коло, Аеродром веќе може да се подготвува за плеј-офот напролет, а Риниа ќе игра во плеј-аут.