Аеродром победи со 40 разлика против Борец

Ракометарите на Аеродром во натпревар од 16. коло немаа никакви проблеми на гостувањето кај Борец, триумфираа со 40 гола разлика, 49:9.

Избраниците на Петровски натпреварот го решија уште во првиот дел кога поведоа со 6:0. Домаќинот откако намали на 9:2, следуваше убиствена серија на гостите од 16:0. Борец во првите 30 минути постигна само два гола, додека Аеродром на пауза замина со предност од 25:2.

Второто полувреме беше само рутински одработување на задачата. Гостите од минута во минута ја зголемуваа предноста, лесно стигнуваа до погодоци и не му дозволија на домаќинот ни најмал напредок во играта.

Најефикасни во победничката екипа беа Мартин Бучковски со 12 и Андреј Петрески со девет гола. Во поразениот табор се истакна Леон Ристов со шест реализации.

Аеродром веќе има обезбедено пласман во плеј-оф фазата во прволигашката конкуренција. Тимот на Борец поради лошите резултати ќе игра во плеј-аутот.