Аеродром го наполни голот на Партизан

Тимот на Аеродром немаше никакви проблеми против Партизан Гевгелија и славеше со 42-28 во натпревар од 17 коло во Првата лига.

Избраниците на Дарко Петровски уште по првото полувреме го решија прашањето околу победникот, кога направија залиха од седум гола, 20-13. Партизан во финишот на првиот дел остана без еден од столбовите на одбраната, Армен Садиковиќ кој доби црвен картон.

На стартот на вториот дел гевгеличани погодија за 20-14, но потоа влегоа во „црна дупка“, Аеродром постигна пет гола во серија за 25-14 и веќе беше јасно.

До крајот само рутински беше задржана предноста од аеродромци за уште една победа со која се израмни со Драчево на врвот со 31 бода, но драчевци имаат меч помалку.

Најдобри стрелци кај победникот беа Трифуноски со девет, како и Бошкоски, Пајкоски и Петрески со по пет гола, додека Лисичков даде шест за Партизна.