Адриан Василе останува тренер на ЧСМ Букурешт и во следните две години

Раководството на ЧСМ Букурешт реши да го продолжи договорот со тренерот, Адриан Василе. По успехот против главниот конкурент за првото место во романскиот шампионат, Валчеа, јасно беше дека челниците од Букурешт ќе сакаат повторно соработка со амбициозниот тренер.

Василе седна на кормилото на клубот во текот на 2020 година. По заминувањето на претходниот тренер, Пер Јохансон, стана јасно дека ќе биде единствен кандидат за главен тренер на екипата бидејќи во претходните години беше асистент на скоро сите досегашни тренери на ЧСМ Букурешт.

Од создавањето на клубот се сменија вкупно 12 тренери, а најдолгиот стаж го имаше Мете Клит од Данска. Адриан Василе со раководството на клубот потпиша нов двегодишен договор со можност за продолжување на истиот.

При крајот на месец јануари, Василе, ја презема и сениорската репрезентација на Романија. Се очекува да направи солидни резултати и со националниот тим.