Екипата на ЧСМ Букурешт на почетокот на подготовките за новата сезона се обиде да пронајде начин како да дојде до кревање на тимскиот дух. За разлика од некои тимови кои одеа на логорување, во тимот на ЧСМ Букурешт се решија да се тркаат со несекојдневни возила.
Дел од ракометарките се пофалија како изгледа да се биде зад воланот на ваков тип на возила, па можете и да погледнете колку им беше забавно.