📷 Проблеми за македонските навивачи во Германија

Македонските навивачи имале неочекуван проблем со обезбедувањето во „Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин.

На влезот на салата, на македонските навивачи им биле одземени знамињата со сонцето од Кутлеш.

Обезбедувањето се правдало дека тоа е по директива на Европската ракометна федерација, но на дел од навивачите им успеало да ги внесат во салата.

„Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“, напиша еден од навивачите на социјалните мрежи.

Македонија утре го игра последниот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Швајцарија.