Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација, Предраг Бошковиќ.
Црногорецот е веќе во Охрид, каде што утре ќе се одигра реванш финалниот натпревар меѓу македонскиот тим и унгарската Татабања.
„Заедно разговаравме за иднината на ракометот, за возбудата која нè очекува со претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на нашиот ГРК Охрид. Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока. Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси“, изјави Пецаков.
Охриѓани победија на првата средба со 29-28, а реваншот ќе стартува од 20:00 часот во текот на утрешниот ден во СРЦ „Билјанини Извори“.
























