Утре во Унгарија, Австрија и Швајцарија ќе започне новото издание на Европското првенство во женска конкуренција, а таму ќе игра и Македонија.
Ако побарате на официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија или пак на социјалните мрежи, нема да најдете никаква информација дали ракометарките се пристигнати во Дебрецин, колку пријателски средби одиграле пред ЕП, каков е интересот на навивачите, цените на билети за наптреварите во „Феникс Арена“, најави за натпреварите, фотографии…а за изјави и да не зборуваме.
Јасно е одамна дека медиа делот и маркетингот во РФМ во ерата на социјалните медиуми, е на најниско ниво, а од друга страна тврдат дека се најуспешната федерација во екипните спортови.
Во случај да не можете да прочитате на каналите на РФМ за настапот на дамите на ЕП, тука е 24Ракомет, кој од местото на настанот ќе ги пренесува сите интересни детали од континенталниот собир.
Македонија го започнува настапот на ЕП со дуел против Шведска во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот, а подолу прочитајте и погледнете како дебитантите Фарски Острови и Турција го најавија учеството на ЕП…за да другите и нема потреба да се пишува…