🎥 Португалците пласманот на СП го прославија со српска песна

Репрезентацијата на Португалија во баражот за Светското првенство 2025 играше против БиХ и не дозволи да има никакво изненадување, без големи проблеми си обезбеди пласман меѓу најдобрите светски репрезентации.

Португалија на првиот натпревар ја победи БиХ со 29:19 и уште тогаш практично го имаше резервирано билетот за Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Избраниците на Дамир Доборац на реванш натпреварот целосно ја искористија опуштеноста на Португалија и успеаја да одиграат нерешено, 26:26, но нерешениот исход немаше никакво влијание.

Португалските репрезентативци по одиграниот натпревар во СЦ „Мејдан“ во Тузла, пласманот на 29. издание на Светското првенство го прославија со познатиот хит на Недељко Бајиќ Баја – „Коктел на љубовта“.

Во својата историја Португалија има пет учества на Мундијалите, најголемиот успех го постигна во Египет (2021) освојуваќи ја 10. позиција. Следната година ќе го има своето 6-то учество на Светските првенства.