Јуниор КВ и со десет играчи до бод во Струмица

Натпреварот меѓу Астраион и Јуниор Кисела Вода заврши нерешено 19-19. Иако домашниот тим го имаше последниот напад и најчесто имаше водство во текот на мечот со по еден или два гола, гостите успеаја да стигнат до бод. Со овој резултат и двете екипи, продолжуваат во во плеј-аут. Во скопскиот тим имаше само десет играчи во ростерот, со оглед на неколкуте позитивни случаи на Ковид-19.

Гостите од Скопје водеа на стартот со 0-1 и 1-2, но потоа Караиванов со три гола во серија донесе предност за Астраион, 4-2. Струмичани беа тие што сега водеа најчесто со еден или два гола, а Јуниор „бркаше“. На пауза се замина со домашното водство, 12-11.

Во второто полувреме имаше иста слика на теренот. Струмичани поведауваа, Јуниор израмнуваше, но не успеваше да поведе третпат на овој дуел. По 18-16 за Астраион, погодија Милутиновиќ и Трајковски, па со реми, 18-18 се влезе во последните пет минути.

Струмичани преку Касапов дојдоа до предност 19-18, но Милутиновиќ од пенал израмни. Следуваа грешки на двете страни, а последниот напад беше за Астраион. Не успеаја домашните да организираат добар напад и последниот удар на Караиванов беше плен за гостинскиот голман Стојаноски. Најдобри стрелци во домашниот тим беа Караиванов со осум и Јанковски со пет, а кај Јуниор Кисела Вода, четири постигна Милутиновиќ.

19 - 19
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Парк“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АСТРАИОН1219Реми
ЈУНИОР К.В.1119Реми

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
Јордан Рингов-00
Мартин Ристов-00
Александар Коцевголман00
4Мите Караивановлев бек18
6Миливој Котевски-00
9Филип Кавазовцентрален бек01
12Мартин Перовановиќголман00
14Дарко Катранџиевлево крило00
16Александар Гоџировголман00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило03
18Славе Јанковскилево крило25
69Христијан Ефтимовцентрален бек12
77Иванче Ончевцентрален бек10
 Вкупно 519

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
Кирил Пешкирски-03
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило00
4Марко Трајковскипивот11
7Бојан Маневцентрален бек22
12Александар Стојаноскиголман00
23Стефан Стојановскилев бек03
24Немања Милутиновиќлев бек04
88Томче Трајчевскипивот13
97Жарко Барјактаревиќдесен бек03
 Вкупно 419

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ОХРИД12120036
2ПРОЛЕТ1280424
3СТРУГА1261519
4Г.А.-КЛ71251616
5РАДОВИШ1250715
6ЈУНИОР К.В.1231810
7АСТРАИОН1211104