Тимот на Измир, каде што играат двете македонски интернационалки – Душица Ѓорѓиевска и Ленче Илкова, оствари нова победа во турскиот шампионат.
Измир славеше на домашен терен над составот на Пазарспор со убедливи 51-30, а нашите ракометарки имаа важна улога во триумфот.
Илкова погоди седум пати во гостинскиот гол, додека Ѓорѓиевска шест пати се запиша во листата на стрелците.