Шампионот со победнички старт: Вардар со лесен триумф над Скопје

Шампионот Вардар стартуваше со победа во новата сезона од Суперлигата, откако на домашен терен немаше проблеми со комбиниран состав и славеше над новиот член на елитата, Скопје, со убедливи 48-24.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога “црвено-црните” направија залиха од 14 погодоци, 28-14. По 4-3 на стартот на натпреварот, вардарци со лесни голови од контранапад се одлепија на плус шест, 9-3.

Ракометарите на теренот се менуваа, но разликата во корист на Вардар само растеше. Сите грешки на Скопје беа казнети со лесни погодоци, а во листата на стрелците се запишаа сите ракометари, освен голманите Ристовски, Гогов и Томовски.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Талески и Дибиров со по седум гола, а Георгиевски даде шест погодоци. Во редовите на Скопје се истакнаа Чакалиќ со пет и Александар Василевски со четири гола.

Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај Елверум во Лигата на шампионите, а во Суперлигата во второ коло шампионот ќе се соочи со Радовиш.

48 - 24
Конечен резултат

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19612848Победа
СКОПЈЕ 20201424Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
4Томислав Јагуриновскидесен бек03
5Стојанче Стоиловпивот01
8Јоел Куни Моралесдесен бек05
9Гоце Георгиевскидесно крило06
11Мартин Карапалевскицентрален бек03
12Мартин Томовскиголман00
21Давид Савревскидесен бек03
22Жереми Тотопивот12
24Анте Гаџацентрален бек01
28Филип Талескилев бек07
31Тимур Дибировлево крило07
45Дарко Ѓукиќдесно крило05
55Стефан Атанасовскипивот02
97Марко Мишевскилев бек13
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 248

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот01
4Марио Мишевскилево крило00
5Бојан Чакалиќцентрален бек05
9Александар Василевскилев бек04
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило03
19Велимир ГрујовскиСреден бек00
20Лука Благопетровдесно крило00
22Андреј Пешевскицентрален бек01
23Благој Димчевскипивот03
24Стефан Стојановскилев бек00
25Леонид Киселовскилев бек03
28Али Кобеисипивот03
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило01
 Вкупно 024

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАЧЕВСКИ ДРАГАН