Натпреварувањето во Саудиска Арабија на кое се собрани клубови од целиот свет за титулата Супер Глоуб денеска го има својот старт, а на него учество ќе земат и четворица Македонци.
Македонија свој претставник има во сите полиња односно меѓу ракометарите, судиите и делегатите.
Кај играчите денеска настап ќе забележи Славе Јовановски, кој со тимот на Сан Франциско игра против составот на Ал Веда од Саудиска Арабија.
Меѓу судиите веќе е добро познато дека преставници ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека Драган Начевски ќе биде меѓу делегатите.
Ова е уште едно издание на кое Македонија повторно има свои претставници откако во 2017 и 2019 година тимот на Вардар двапати го освои 3. место.