Чаир рутински до победа во Свети Николе

Ракометарките на Чаир беа подобри од екипата на Овче Поле СУ со 31:28 во рамките од 25. коло од Женската лига. Со оглед на тоа дека до крајот има уште едно коло, Чаир сезоната ќе ја заврши на четвртото место зад Куманово, Вардар и Металург.

Екипата на Чаир уште од самиот старт ја потврди улогата на фаворит и не дозволи да има изненадување.

Избраничките на Басри Љатифи стартуваа со водство од 9:4 и до крајот на првиот дел имаа контрола на резултатот. Овче Поле СУ во последните пет минути искористи неколку грешки на гостинките од Чаир. По 30 минути игра, Чаир на полувреме замина со предност од два гола, 13:11.

Во вториот дел, Овче Поле СУ со голот на Анчева намали на само еден разлика, 12:13. До крајот се играше гол за гол, а ракометарките на Овче Поле СУ беа на чекор и до израмнување во последните петнаесетина минути, но екипата на Чаир успеа да воспостави контрола на теренот и да ги освои новите бодови.

Најефикасна во составот на Чаир беше Марија Николовска со осум гола. Во екипата на Овче Поле СУ, Марија Анчева беше прв стрелец со десет погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1КУМАНОВО14140042
2ЧАИР14111234
3ДЕСПИНА1481525
4ПЕЛИСТЕР 20121472523
5ШАМПИОН1461719
6ГЕВГЕЛИЈА14401012
7ФЕНИКС АМС1430119
8КУЗМАН1401131