Холстебро на патот на Вардар кон финалето на „Хумел купот“

Организаторот на турнирот „Хумел куп“, Магдебург ги одреди двојките за полуфиналето на натпреварувањето на кое учествува и шампионот на Македонија, Вардар, а ривал на „црвено-црните“ ќе бидат ракометарите на Холстебро oд Данска.

Екипата на Вардар ќе биде дел од првото полуфинале кое ќе се игра на 21 август од 16 часот. Победникот од овој натпревар следниот ден од 15:30 часот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Магдебург (Германија) и Горење (Словенија).

На 22 август прво ќе биде одигран натпреварот за 3. место, а тој ќе почне од 12:30 часот.

Овој турнир ќе биде генералка за Вардар пред дуелите против ППД Загреб во СЕХА лигата. Инаку, претходно на 11 август, Вардар ќе се соочи со Еурофарм Пелистер на натпревар од Супер купот, додека од 12 до 15 август веќе е добро познато дека следува Струшкиот турнир.