Средбата меѓу Вардар и Веспрем донесе нов пораз за „црвено-црните“ овој пат од 29:38. Гостите беа дефинитивно подобри и тука нема ништо спорно.
Сепак, имаше неколку моменти во кои судиите од Данска предизвикаа реакции од трибините. Дали беа во право или не во прв момент е тешко да се пресуди.
Имаше ситуација во која Атман тргна на шут и неговата рака веќе беше крената за да упати удар. Ракометарот од Словенија, Благотиншек успеа да му ја одземе топката од рака, а судиите дозволија играта да продолжи и Веспрем од оваа акција реализираше.
Дали беше прекршрок или не? Тоа е прашањето за кое може да се полемизира!