Уругвај беше само полесен тренинг за Полска

Селекцијата на Полска со победа ја стартуваше втората фаза откако беше убедлива против Уругвај и дојде до триумф со 30:16 во рамките од втората група на Светското првенство во Египет.

На овој натпревар репрезентативците на Полска рутински го одржуваа водството, а селекцијата на Уругвај беше достоен ривал во првото полувреме.

Уругвај го имаше почетното водство од 1:0 со голот на Максимо Естебан. Полска со головите на Чувара, Чрапковски и Морито направи пресврт за 3:1 во 8. минута од натпреварот. Во неколку моменти репрезентативците на Полска влегоа во серија од технички грешки, причина поради која Уругвај се одржуваше во игра.

Естебан беше најрасположениот ракометар во Уругвај и тој израмни на 4:4 во 11. минута од натпреварот и беше најзаслужен за резултатската неизвесност во првата половина од првиот дел. Полска веќе почна да игра добра одбрана и со брза транзиција низ теренот ја презеде работата во свои раце. Дачек постигна гол за 9:5 за Полска во 18. минута, а до крајот на првото полувреме Полска зголеми за уште еден разлика и на одмор замина со 14:9.

Во второто полувреме Полска сè почесто постигнуваше лесни голови и рутински стигна до убедлива разлика. Минутажа на теренот имаа и неколку ракометари од втората постава и на двете репрезентации.

Левиот бек во репрезентацијата на Полска, Симон Сичко, со своите голови го зголемуваше водството на својата репрезентација, кое растеше од минута во минута. Последните десет минути беа само формалност. Во следната рунда Полска оди на мегдан со Бразил, селекцијата на Уругвај за противник ја има Шпанија.

16 - 30
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
УРУГВАЈ916Пораз
ПОЛСКА1430Победа

УРУГВАЈ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Луис Фелипе Наваретеголман00
2Габриел Чапаропивот11
4Факундо Листонпивот00
10Габриел Спангенбергдесен бек00
11Диего Фалабрино Мединацентрален бек00
13Максимо Естебан Кансиодесен бек06
15Бруно Мендезпивот01
16Фелипе Гонзалесголман01
17Диего Морандеирадесен бек01
19Родриго Ботехарацентрален бек02
20Федерико Руболево крило01
26Матијас Ечеверилево крило00
36Кристијан Ростањо Риослево крило02
40Максимилијано Де Агреладесен бек01
74Гиљермо Милан Флореслево крило00
24Алехандро Веласколев бек00
 Вкупно 116

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
4Михал Олејничакцентрален бек01
7Патрик Валчакпивот13
9Симон Сичколев бек05
11Мациј Мајжинскидесен бек01
14Аркадиуш Осовскицентрален бек00
15Каспер Адамскилев бек13
19Јан Чуваралево крило04
20Мациј Пилитовскицентрален бек01
23Аркадиуш Моритодесен бек08
26Михал Дачекдесно крило12
30Рафал Пжибилскидесен бек20
36Давид Давиџикпивот01
48Томаш Гебалалев бек01
49Пјотр Чрапковскилев бек10
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 630

Officials

Судии:
Јуцеф Белкири -Aлжир
Сид Али Хамиди -Алжир
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ШПАНИЈА95410
2УНГАРИЈА85401
3ГЕРМАНИЈА55212
4ПОЛСКА55212
5БРАЗИЛ35113
6УРУГВАЈ05005