- Израелскиот ветеран Чен Померанц, во новата сезона ќе биде дел од шпанскиот тим Пуерто Сагунто со кој потпиша договор на една година. 36-годишниот лев и среден бек претходно беше дел од Рамат Хашарон и неколку германски клубови.
- Шпанскиот тим Нава го ангажираше литванскиот лев бек Лукас Сименас од тимот на Драгунас Клаипеда за следните две сезони.
- Амбициозниот романски тим Бакау донесе две балкански засилувања. Станува збор за екс членот на Металург, Тео Чориќ, кој лани играше за Баја Маре и Стеван Сретеновиќ кој доаѓа од Војводина.
- Рускиот тим ЦСКА Москва му донесе друштво на Виктор Киреев на голманската позиција и потпиша договор со 26-годишниот чувар на мрежата од СКИФ Краснодар, Дмитри Кузнецов.
- Откако унгарскиот ЕРД најави дека ќе игра со млади домашни ракометарки, сите интернационалки си најдоа нови средини. Последна во низата е чешката репрезентативка Маркета Јерабкова, која потпиша за германскиот Турингер.
- Данскиот Скјерн го продолжи договорот со плејмејкерот Јеспер Конрадсон. Шведскиот репрезентативец ќе остане во овој клуб и во наредните две години.
- Романскиот Баја Маре, кој ќе биде голем ривал на ЧСМ Букурешт и Валчеа за титулата, донесе уште едно засилување. Станува збор за пикерот на шведската репрезентација и Копенхаген, Лин Блом.




