Поранешниот играч на Охрид, Французинот Малик Хогас, кој настапуваше за грчкиот шампион АЕК Атина, во новата сезона ќе има нов предизвик – Диомидис Аргос.
Полскиот вицепрвак Висла Плоцк го потврди ангажманот на левиот бек Сергеј Марк Косоротов, кој потпиша договор на две години од сезоната 2021/22.
Некогашниот црногорски репрезентативец Игор Марковиќ, кој шест години беше дел од унгарскиот Комло, се врати во матичниот клуб Ловќен, каде планира да ја заврши кариерата.
Словенечкиот чувар на мрежата Примож Прост, е најновото засилување за составот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.
Русинката Јулија Хавроњина, ќе биде третото засилување за турскиот шампион Кастамону по Екатерина Веткова и Алена Ихнева.
Европскиот шампион Ѓер остана без услугите на унгарската репрезентативка Бернадет Боди, која иако имаше договор на уште една реши да си замине. Доротеја Фалувеги и Викторија Лукач ќе бидат десните крила на Ѓер во следната сезона.