Левото крило Томислав Нуиќ, кој минатата полусезона беше член на хрватскиот Дубровник, е нов ракометар на грчкиот шампион АЕК Атина со кој потпиша договор до крајот на сезоната.
Кружниот напаѓач на црногороската репрезентација, Бобана Кликовац, во следната сезона ќе биде дел од Валчеа. Оваа сезона настапува исто така во Романија, но во екипата на Бузау.
Плејмејкерот на Загреб, Алекс Влах, од следната сезона се враќа во татковината и во следните три години ќе го носи дресот на словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко. Пред Загреб, Влах беше член на Копер.
Пикерот на Вецлар, Антон Линдског заминува во Фленсбург, а неговата замена доаѓа од Кристијанштад, Адам Нујфел, кој потпиша договор на две сезони.
Тимот на Шиофок се засили со три ракометарки за следната сезона. Станува збор за норвешката интернационалка Малин Холта на лев бек, средниот бек Рита Лакатош како позајмена од Ѓер, како и Симона Саркова која игра на лев бек и доаѓа од Мошонмаѓаровар.
Голманот на Фленсбург, Торбјорн Бергеруд, заминува од Германија и следната сезона ќе брани боите на тимот на ГОГ Гудме, со кој потпиша договор на една година.
Пикерот на швајцарската репрезентација, Марвин Лир, од следната сезона ќе настапува за шампионот Кадетен Шахфаузен, со кој потпиша договор на три години. Лир во моментов е играч на Фади Винтертур.