Тиквеш го наполни голот на Астраион за два од два во плеј-аутот

Ракометарите на Тиквеш остварија лесна и убедлива победа на домашен терен против Астраион со 39:25 во рамки на 2. коло од плеј-аут натпреварувањето во Супер машката лига.

Фаворитот на натпреварот целосно ја оправда улогата и од почеток до крај имаше целосна контрола на играта и резултатот. Тиквеш поведе со 4:2, а многу брзо потоа беше и 10:4. Уште во почетниот период домашниот тим најави дека нема да дозволи изненадување на свој терен.

До крајот на првото полувреме Астраион немаше сили да пружи посилен отпор, Тиквеш доминираше и го полнеше противничкиот гол. После 30 минути игра речиси беше познат победникот кога Тиквеш имаше водство од 22:11.

И второто полувреме во целост им припадна на домашните ракометари, а разликата достигна и највисоки 15 гола за конечен убедлив триумф. Откако беше познат победникот двајцата тренери им дадоа шанса на помладите и ракометарите кои добиваат помала минутажа. Ова беше втора победа за Тиквеш, додека Астраион го доживеа вториот пораз во борбата за опстанок.

39 - 25
Конечен резултат

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20142239Победа
АСТРАИОН1125Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Пеце Ѓорѓиоскипивот13
9Орданчо Лазовлево крило08
10Борис Илиевскипивот11
12Марјан Велковголман00
14Душан Медиќцентрален бек05
18Вања Смиљаниќдесен бек09
19Дејан Гошевскидесен бек01
23Костадин Петровпивот00
24Дарко Кондевлево крило23
26Ристо Окардовпивот01
33Димитар Коцевлево крило04
34Страхиња Симиќцентрален бек04
92Давид Иванов-00
6Стефан Милков-00
77Лазар Стојанов-10
 Вкупно 539

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Васко Наковдесен бек07
6Миливој Котевски-00
9Филип Кавазовцентрален бек02
14Дарко Катранџиевлево крило02
17Ѓорѓи Касаповдесно крило02
69Славе Јанковскилево крило04
77Христијан Ефтимовцентрален бек04
1Мартин Перовановиќголман00
2Димитар Бонев-01
8Марко Стојанов-00
11Ренато Панделишев-00
12Александар Гоџировголман00
13Ристо Манчев-01
27Мартин Ристов-02
 Вкупно 025

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14100430
2ТИКВЕШ 20141491428
3РАДОВИШ1491428
4Г.А.-КЛ71490527
5РАБОТНИЧКИ1470721
6ЈУНИОР К.В.1461719
7МЛАДОСТ 19771441913
8АСТРАИОН1400140