Суланд става точка на богатата кариера

Поранешната репрезентативка на Норвешка, Лин Јорум Суланд реши да се повлече од ракометот по завршувањето на оваа сезона. Суланд веста ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

За искусната ракометарка последни натпревари ќе бидат настапите во Лигата на шампионите со нејзиниот тим Вајперс Кристијансад.

Норвешкиот претставник избори место на фајнл-фор турнирот во Будимпешта, а Суланд со нејзиниот тим ќе има можност со освојување на златен медал да ја заврши својата кариера.

Освен за Кристијансад, Суланд настапуваше и за норвешките тимови, Ларвик и Стабек. Таа помина и една сезона во Ѓер, 2015 – 2016. За репрезентацијата на Норвешка има одиграно 193 официјални натпревари и постигнато 579 гола.