СП кадетки: Познати се полуфиналните двојки

Со одигрувањето на четвртфиналните натпревари на Светското првенство за кадетки во Македонија, познати се полуфиналните дуели, кои ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

Данска со победата над Франција, која беше изразена со шест гола разлика, 32:26 (13:10) си обезбеди полуфинале, во кое ќе игра со репрезентацијата на Холандија.

Ракометарките на Холандија во четвртфиналниот натпревар против Исланд имаа голема среќа и обезбедија пласман во полуфиналето, откако при нерешен резултат од 26:26, на неколку секунди пред крајот постигнаа гол за 27:26.

Во второто полуфинале ќе играат репрезентациите на Јужна Кореја и Унгарија. Јужна Кореја билетот во полуфиналето го обезбеди со победата против Шведска, 33:27 (18:14), додека Унгарија во четвртфиналниот дуел против Египет забележа победа со 28:23 (12:10).