„Со Никола сме многу блиски, но на теренот се бориме како соиграчи не како браќа“

Репрезентативците на Франција, Никола и Лука Карабатиќ за француските медиуми говореа за нивниот меѓусебен однос додека играат во ист тим.

Во претстојниот период тие повторно ќе бидат заедно на теренот, но овојпат со репрезентацијата на настапот на Олимписките игри во Токио. Иако Никола имаше тешка повреда сепак усепа на време да се опорави и да биде дел од тимот.

„Го слушам многу, неговото знаење е многу важно за мене. Јас и Никола сме многу  блиски, но на теренот се бориме како соиграчи не како браќа. Нико не крие ништо кога станува збор за мене, многу е директен. Не е секогаш пријатно, но ми помага да се развивам“, изјави Лука Карабатиќ.

Исто така и Никола Карабатиќ имаше свое видување на односот со својот брат.

„Јас сум построг со Лука отколку со било кој друг. Можам да му кажам сè без да кријам ништо. Јас сум негов постар брат и можам да се однесувам со него како и нашиот татко. Понекогаш Лука вели дека одам предалеку и потоа правам се за да се извлечам од ситуацијата“, изјави Никола Карабатиќ за „Le Parisien“.

Браќата Карабатиќ не успеаја со ПСЖ да се искачат на врвот на Европа на завршниот турнир во Келн, но им претстои ново големо натпреварување со репрезентацијата на Франција со која ќе настапат на Олимписките игри и повторно ќе се борат за медал.