Скубе одлучи – две години во Мешков Брест!

Како што прв најави 24Ракомет пред еден месец, средниот бек на европскиот шампион Вардар, Сташ Скубе, на лето го очекува преселба во белорускиот првак Мешков Брест.

Словенечкиот организатор на играта, кој во Вардар мина две години и освои една титула во Лигата на шампионите, вчера ја најави разделбата на Инстаграм.

Тој ќе ја зголеми словенечката колонија во Мешков Брест бидејќи таму веќе играат Симон Разгор и Јака Малус.

Скубе ја започна кариерата во Тримо Требње, беше член и на Горење Велење, а со успех го носеше дресот на унгарскиот ПИК Сегед.

Покрај Скубе, од Вардар сигурно заминуваат Калифа Гедбан, Данил Шишкарев, Жозе Толедо и Домен Сикошек Пелко.