Скопје го слави првиот триумф во плејаутот со гол во последни секунди против Прилеп

Екипите на Скопје се израдува на првата победа во плејаутот, и тоа со гол на Александар Василевски во последните секунди од натпреварот, против Прилеп, 23-22. Со оваа победа Скопје е на третото место со 4 бода, еден повеќе од Прилеп.

Целиот тек на средбата најавуваше дека ќе има изнтересна завршница, можеби и драма, што и се случи. Ниту еден тим не успеа да направи резултатска предност кој би им донело помирна завршница на средбата. Најчесто се играше „гол за гол“, иако Скопје во првото полувреме, а Прилеп во второто имаа предност од „плус 2“

Прилеп добро започна и отвори со 0-2 но Скопје возврати со серија од четири гола и го презема водството, на 4-2. Скопје најчесто имаше водство, а во замата завршница Прилеп направи пресврт и на одмор замина со предност од 11-10.

Во продолжението Прилеп имаше предност најчесто од два гола, но Скопје не се предаваше и постојно правеше обиди да стигне до ново водство. Во завршните минути се влезе израмнето со игра гол за гол, а победата на Скопје ја донесе Александар Василевски кој со удар од деве на истекот на времето го постигна победничкиот гол.

Најефикасен во тимот на Скопје беше Василевски со пет погодоци, додека по четири постигнаа Мишевски и Киселовски. Во екипата на Прилеп прв стрелец со седум гола беше Марио Гичев, а шест гола постигна Давор Шокоски.

Во следното коло на 3 април Прилеп го пречекува Пролет, а Скопје дури на 10 април е гостува кај Радовиш.

23 - 22
Конечен резултат

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201023Победа
ПРИЛЕП1122Пораз

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот24
4Марио Мишевскилево крило04
5Бојан Чакалиќцентрален бек01
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек05
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило01
19Велимир ГрујовскиСреден бек11
20Лука Благопетровдесно крило11
22Андреј Пешевскицентрален бек00
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек20
25Леонид Киселовскилев бек04
28Андреј Митиќпивот12
33Бојан Петрески-00
 Вкупно 723

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило01
9Христијан Бикоскилево крило00
10Марко Трајковскипивот11
12Иван Ангелескиголман00
18Давор Шокоскилев бек16
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило05
27Марио Гичевцентрален бек17
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек00
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек30
11Симон Мирчевски-02
 Вкупно 622
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРОЛЕТ880029
2ПРИЛЕП840415
3СТРУГА831414
4РАДОВИШ83059
5СКОПЈЕ 202081165