Симиќ блескаше на голот, Црна Гора ја тресна Хрватска!

Селекцијата на Црна Гора приреди уште едно изненадување на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако славеше над Хрватска со убедливи 32-26.

На почетокот се играше гол за гол до 3-3, пред Црногорците да се одлепат на 7-4. На избраниците на Хрвоје Хорват не им одеше ништо од рака, а Симиќ беше перфектен на голот на Црна Гора.

По 11-9 во 26 минута, следуваше можеби клучниот период на натпреварот. Хрватска не погоди ниту еднаш, а Милош Вујовиќ и Марко Ласица го наполнија голот на Пешиќ за 15-9 на пауза.

На стартот на вториот дел, Хрватска намали на минус четири, 16-12, но пак беа казнети за две грешки и Црна Гора си ги врати безбедните плус шест, 18-12. Хрватите тешко успеваа да најдат позиција за шут, а кога ќе успееја, Симиќ им бранеше зицери.

На десетина минути до крајот веќе беше 28-20 и стана јасно дека нема да има неизвесност до крајот. Црна Гора само рутински го доврши мечот и останува во трка за место во полуфинале, додека Хрватска ќе ја бара шансата во следните натпревари.

Симиќ уште еднаш блескаше на голот и собра 14 одбрани, додека нападот го предводеа Милош и Бранко Вујовиќ со по седум гола. Кај Хрватска, се истакна Чупиќ со шест гола.

32 - 26
Конечен резултат

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЦРНА ГОРА1532Победа
ХРВАТСКА926Пораз

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило00
7Стефан Чавордесен бек04
8Вук Лазовиќпивот20
9Радојица Чепиќцентрален бек01
11Бранко Вујовиќдесен бек07
14Милош Вујовиќлево крило07
16Небојша Симиќголман00
17Василије Калуѓеровиќлев бек01
18Небојша Симовиќпивот10
21Васко Шеваљевиќлев бек04
23Божидар Симиќцентрален бек00
25Марко Ласицадесно крило22
26Ристо Вујачиќдесен бек00
32Божо Анѓелиќцентрален бек11
90Немања Грбовиќпивот05
 Вкупно 632

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот01
8Анте Гаџацентрален бек02
10Јаков Гојунлев бек20
12Иван Пешиќголман00
21Верон Начиновиќпивот02
24Шиме Ивиќдесен бек00
25Мирко Алиловиќголман00
27Иван Чупиќдесно крило07
32Иван Слишковиќлев бек00
33Лука Циндриќцентрален бек05
39Давид Мандиќлево крило01
41Тин Луцинцентрален бек02
51Иван Мартиновиќдесен бек11
53Марин Шипиќпивот03
57Филип Главашдесно крило00
62Марин Јелиниќлево крило02
 Вкупно 326

Officials

Судии:
Ларс Јорум -Норвешка
Хавард Клевен -Норвешка

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ФРАНЦИЈА54018
3ИСЛАНД53026
4ХРВАТСКА51133
5ХОЛАНДИЈА51133
6ЦРНА ГОРА51042